Осветлување и сигнализација

Елмонд Електро врши проектирање, изведба, одржување и надзор за осветлување, мониторинг, контрола и димирање на осветлувањето и светлосна сигнализација.

Организирана екипа за интревенција

Ве известуваме дека имаме организирано дежурна служба и екипа за интервенција и тоа секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сигнализација со променлива содржина

Сигнализација со променлива содржина служи за информирање на возачите со повеќе важни информации во реално време, односно за време на возењето.

Иднината е во ЛЕД уличното осветлување

ЛЕД осветлувањето нуди долг животен век, енергетска ефикасност, еколошки пријателски карактеристика, нула УВ емисии и траен квалитет.

Нашите услуги

Почетоците на нашата компанија датираат од далечната 1991 година од претходниот век,
нашиот 
асортиман на услуги ги вклучува:
ОСВЕТЛУВАЊЕ И СИГНАЛИЗАЦИЈА

Ние вршиме проектирање и изведба на осветлување, мониторинг, контрола и димирање на осветлувањето и сигнализација.

ЕЛЕКТРИЧНИ И КОМПЈУТЕРСКИ ИНСТАЛАЦИИ

Ние вршиме проектирање, изведба и мерења на сите видови електрични и компјутерски инстлации.

ГЕНЕРАТОРИ И СИСТЕМИ ЗА НЕПРЕКИНАТО НАПОЈУВАЊЕ

Ние вршиме проектирање и поставување на сите видови електро-дизел генератори и системи за непрекинато напојување.

Што кажуваат за нас

Јавното претпријатие за државни патишта потврдува дека компанијата Елмонд Електро успешно и навремено ги заврши обврските од проектите од доменот на електро-енергетиката, улично и тунелско осветлување и контрола, управување и димирање на осветлувањето.Јавно претпријатие за државни патишта
Јавно претпријатие за државни патишта
Задоволни од професионалниот однос како и од техничката и професионалната способност на фирмата Елмонд Електро, ја препорачуваме како сериозен партнер за квалитетна и навремена рализација во домен од електроенергетиката.ГД Гранит АД Скопје
ГД Гранит АД Скопје
Компанијата Елмонд Електро успешно, професионално и навремено ги заврши сите барања од наша страна за електричните инсталации во TOYOTA авто салонот и сервисот. Ги препорачуваме за идна соработка со комплетна одговорност за било каква работа од доменот на електро-енергетиката, телекомуникациите и компјутерски инсталации.Tојота
Tојота
Поради професионалниот однос како и техничката и професионалната способност на компанијата Елмонд Електро, ние ги препорачуваме како сериозен партнер за квалитетна и навремена имплементација на се од доменот на електрична енергија, особено во дизајнот, како и во изведбата на електрични инсталации и инсталации на системи за откривање на пожар и аларми за пожар.ТРИМО
ТРИМО
Задоволни од професионалниот однос со компанијата Елмонд Електро им доделуваме висока оценка и ги препорачуваме за идна соработка за било каква работа од доменот на електро-енергетиката, телекомуникациите и компјутерски инсталации.Johnson Controls
Johnson Controls
Thales ATM GmbH доделува сертификат за благодарност на компанијата Елмонд Електро за добра соработка и завршување во рамките на распоредот.Thales ATM GmbH
Thales ATM GmbH
Агенцијата за цивилно воздухопловство издава потврда на фирмата "Елмонд Електро" за докажување на својата техничка или професионална способност во постапките за доделување на договори за јавни набавки.Агенција за цивилно воздухопловство
Агенција за цивилно воздухопловство
Задоволни од професионалниот однос им доделуваме висока оценка и ги препорачуваме за идна соработка со комплетна одговорност за било каква работа од доменот на електро-енергетиката, телекомуникациите, компјутерите, аудио и видео инсталации.Скопски саем
Скопски саем
Агенцијата за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДООЕЛ соработува со фирмата Елмонд Електро од 2005 година. Уредно и доследно ги извршува своите обврски кога е ангажирана од наша страна. Задоволни од нивниот професионален однос им даваме висока оценка и одлична препорака.НИКОБ Обезбедување
НИКОБ Обезбедување